Мега дуел за Таљафико

88

Лондонскиот премиерлигаш Челзи и каталонскиот гигант Барселона се последните два клуба кои покажаа сериозен интерес за услугите на стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Холандија, тимот на Ајакс, Николас Таљафико. Станува збор за 27-годишен аргентински интернационалец кој може да игра на левата бековска и крилна позиција. Големата желба на „сините“ и Барса ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за Таљафико не биде помала од 50 мил. евра.