Мега дуел за Менди

62

Европските гиганти, ПСЖ и Барселона, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Олимпик од Лион, Ферланд Менди.

Станува збор за 23-годишен дефанзивец кој го привлече вниманието на фудбалската јавност со одличните игри како во домашниот шампионат, така и во Лигата на шампиони.

Големиот талент ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина само доколку официјалната понуда не биде помала од 40 мил. евра.