Се сеќавате на атрактивниот грчки пејач Сакис Рувас? Токму тој кој ја претставуваше дури двапати Грција на “Песна на Евровизија“, особено со секси песната „Shake It“, деновиве е повторно многу актуелен. Не само затоа што има најнов хит туку затоа, како што пишуваат многубројни Гркинки, “тој ни е лек за душа во ова време на коронавирусот, бидејќи гледајќи во него ние жените побрзо оздравуваме“! Дали е токму така, најдобри го знаат Гркинките, но Сакис и на своите 50 и кусур години изгледа одлично. Секојдневно плива, спортува и се грижи за изгледот кој му е важен во шоу бизнисот во Грција.

Меѓутоа покрај убавите работи, има и лоши. За Сакис не престанаа во Грција да (о)зборуваат дека според својата сексуална определба е хомосексуалец, нешто како што е Рики Мартин. За разлика од Рики, Сакис тоа никогаш јавно не го потврдил ниту демантирал, а ниту има намера со трачевите на лоши луѓе да се занимава. Ужива во брачниот живот со згодната грчка манекенка Катја Зиголи со која има дури четири деца.

Сакис немаше среќа со своите бизниси, покрај пеењето. Во Грција поседувал и познат ноќен клуб кој му изгорел во пожар, а потоа отворил суши ресторан од кој слабо заработува. Пејачот исто така беше и дел од жирито на грчката верзија од светскиот натпревар „X Factor“, но тоа не му ја зголеми популарноста.
Неговиот голем балкански хит “Ола кала“ со сите подмирени авторски права ја има препеано нашата Тијана Дапчевиќ за српскиот пазар, познат како “Она то зна“.       Д.М. фото:ФБ