Меган Фокс во мај 2020 година, после десет години брак, го остави својот сопруг Брајан Остин Грин поради раперот Машин Ган Кели, во кого се вљубила на снимање на спот.

Таа во последното интервју прозборе за својот живот.

– Мојот живот многу се смени за време на карантинот. Лудо е. Не сум некој кој сака да има ограничувања или наметнат авторитет и тешко почитувам такви работи, но во оваа ситуација сфатив дека немам друг избор. Беше предизвикувачики, рече Меган за Entertainment Tonight.

Актерката својата врска со раперот ја потврди и на Инстаграм, каде што објави нивна заедничка фотографија, а сега призна како дошло до нивната врска.

– Истата минута кога се најдовме во просторијата, постоеше таа некоја неопислива хемија. Наместо сродна душа, ова беше близначки пламен, а тоа е спиритуален концепт на поврзаност на две души. Значи, ние сме всушност две половини на иста душа. Тоа му го кажав штом го почувствував, објаснува Меган.

https://www.instagram.com/p/CDgilrTl19c/