Во морето ретуширани фотографии на познати личности на Инстаграм, најновата објава на холивудската актерка Меган Фокс е вистинско освежување. Убавицата по која воздивнуваат многу момци изненади со селфи од птичја перспектива, кое навистина изгледа дека не е фотошопирано.
Ѕвездата на „Трансформерс“ и свршеница на контроверзниот музичар Машин Ган Кели позирала легната на каучот во мало црно бикини. Пропорциите на познатата секс бомба едноставно го одземаат здивот.
View this post on Instagram
Доволно е да се каже дека оваа објава собра повеќе од милион лајкови на Инстаграм за само еден час. Комплиментите се слеваат и се чини дека сите ја поздравуваат одлуката на актерката конечно да се прикаже во вистинско светло.
View this post on Instagram