Меган Маркл и принцот Хари фотографирани се на аеродром во Канада по нивното доаѓање од Америка.

Меган Маркл и принцот Хари

Поранешната војвотка и актерка, која повторно сака да му се врати на актерството, привлече големо внимание со нејзиниот стајлинг. Таа за овој лет одбра црни панталони, блуза со сино-бели пруги и црн кардиган, а во рацете носеше темносина спортска чанта од најлон изработена од модната куќа „Прада“.

Чантата која чини 1.790 американски долари изработена е од океански и текстилен отпад кој може постојано да се рециклира. Но, и нејзините балетанки се изработени од рециклирани пластични шишиња. (М.А)