Дома МАКЕДОНИЈА МВР: Движење за време на полициски час за лица со попреченост и...

МВР: Движење за време на полициски час за лица со попреченост и земјоделци

130

Согласно одлуката донесена од Владата на седница одржана на 08.06.2020 за посебен режим на движење за лицата со попреченост нема да треба да се вадат посебни дозволи туку лицата ќе треба со себе да имаат документ/наод за попреченоста.

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење без да вадат дозвола, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Сите досега издадени дозволи, се вели во соопштението, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба. Од МВР напоменуваат дека строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години.