МБА: Основните и средните училишта до 15 февруари да се пријават за Европскиот квиз на парите

15
Group of teenagers making different activities sitting in an urban area - Friends hanging out outdoors

Годинешниот меѓународен натпревар Европски квиз на парите ќе се одржи виртуелно, од  24 март. Македонската банкарска асоцијација во соработка со народната банка ги повика основните и средните училишта вово државата да учествуваат во квизот, кој е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.

Од МБА појаснуваат дека Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале. Националниот натпревар во Република Северна Македонија ќе се одржи виртуелно на 24 март 2021 година, на македонски и на албански јазик.

Тим од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале коешто ќе се одржи виртуелно, на 20 април 2021 година, од 11:00 до 13:00 часот, на англиски јазик. Оттука, националните победници треба да имаат и солидни познавања од англиски јазик. Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата за освоено прво, второ и трето место, појаснуваат од МБА.

Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.

Тие ги  повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 15 февруари 2021 година, на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk

Притоа, треба да се има предвид следново:

–      Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови;

–      Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето;

–      Заедно со податоците за одделенијата/класовите, треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за  националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu.

Квизот е пдодржан од Министерството за образование и наука и од Министерството за финансии.