Мбапе стои на излезната врата

164

Вечните ривали од шпанската Примера дивизион, Реал (М) и Барселона, како и актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, со посебно внимание ја следат ситуацијата околу брзоногиот напаѓач на францускиот гигант ПСЖ. Килијан Мбапе. Репрезентативецот на Франција има договор со „светците“ до 2022 година, но се погласни се шпекулациите дека Мбапе не сака да ја продолжи соработката со ПСЖ. Доколку не ја продолжи соработката, Мбапе ќе биде продаден за 250 мил. евра.