Мбапе е смртно љубоморен на Гризман

658

Совршената хармонија која постоеше во соблекувалната на актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Франција, која важеше за прв фаворит и за европската круна, за само неколку часа се претвори во вистинска катастрофа.

Франција, која на импресивен начин пред три години ја освои светската титула, на ЕП 2020 дојде со фантастичен, воигран тим. И така силниот напад доби уште повечќе на квалитет со кам-бекот на Карим Бензема, кој репрезентативниот дрес го облече по пауза од пет години.

Сепак, само што започна континенталниот турнир, француските медиуми почнаа да пишуваат дека атмосферата во тимот е многу лоша и тоа поради очајните односи помеѓу фудбалерите, ароганцијата и безобразното однесување на неколку играчи како и недостатокот на авторитет и лошите одлуки на селекторот Дидие Дешамп.

Сите тајни од соблекувалната дојдоа на виделина после срамната елиминација од Швајцарија во 1/8 финалната рунда иако „Галските петли“ на десет минути до крајот на натпреварот имаа предност од два гола (3:1). Дешам 60 минути го молеше повредениот Коман да го напушти натпреварот, а мајката на Адриен Рабио вербално ја нападна фамилијата на Пол Погба и на Килијан Мбапе.

„Л’Екип“ откри дека тука не е крајот на француските проблеми: „Голема е напнатоста помеѓу Килијан Мбапе и Антоан Гризман. Килијан е многу љубоморен на улогата која Гризман ја има во репрезентацијата. Нивниот однос е далеку од пријателски“, пишува угледниот весник.