Мбапе е најскапиот играч во светот

195

Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо е убеден дека брзоногиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе постави нов трансфер рекорд, доколку дојде до негова продажба.

  • Не можеме да знаеме што ќе се случи по пет или десет години. Тој сега е неверојатен. Возраста е многу важна при трансферите и од оваа гледна точка, Мбапе е најскапиот играч во моментот. Ако стане збор за негов трансфер, тоа ќе биде рекорд, изјави “специјалниот” за „Беин Спортс“.

Во меѓувреме француските медиуми открија дека Мбапе и тимскиот колега Адриен Рабио биле казнети со по 180.000 евра затоа што задоцниле на клупскиот состанок кој бил одржан пред стартот на дерби натпреварот против екипата на Олимпик од Марсеј.

Парите од казната веднаш биле префрлени на сметките на Фондацијата на ПСЖ.