Изминативе неколку дена ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе (23), е во центарот на вниманието кај пошироката јавност. Прво, францускиот напаѓач со месеци размислуваше каде ќе ја продолжи кариерата, се споменуваше шпански Реал Мадрид каде „сон му беше да продолжи“, но на крајот реши да остане во парискиот тим.

Почетокот на сезоната го одбележа конфликт со соиграчите и ноншалантно однесување кон теренот. Одби да трча, се расправаше за пенал со Неимар и беше крајно арогантен.

Сега Мбапе е во центарот на вниманието поради сосема друга причина. Тоа е неговиот приватен живот и девојката со која излегува.

Мбапе пред неколку месеци ја прекина врската со актерката Ема Смет, а француските медиуми тврдат сега има нова девојка. Наводно, во неговите прегратки моменто е Инес Рау. Станува збор за трансродова личност која стана популарна во светот во 2017 година со позирањето за познатото машко списание – Плејбој. Со тоа таа стана првата трансродова личност која позирала за овој магазин.

Инес, која има 32 години, е по потекло од Алжир, а родена е како маж, но на 16 години решила да го промени полот и да живее како жена. Идентитетот не го открила до својата 24-та година. Никој не знаеше дека таа е трансродова личност и живеела како маж до тинејџерските години.

Инес стана многу популарна во светот на модата. Таа соработува со многу познати брендови, меѓу кои и „Плејбој“, за кој пред неколку години позираше целосно гола.

Наводната врска со Мбапе сигурно дополнително ќе ја зголеми нејзината популарност. Како што пишуваат француските медиуми, парот е во врска со месеци, па дури и летниот одмор го поминале заедно.

Поради се, Мбапе сигурно ќе биде во центарот на вниманието во наредниот период бидејќи врската со трансродова личност сигурно ќе предизвика многу коментари на социјалните мрежи.