Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон, конечно најде со што да се занимава, откако пред многу години излезе од рингот. Тој е сопственик на фарма за марихуана во Калифорнија.

Фармата многу брзо ќе биде отворена за посетители , кои ќе може да ги дознаат и штетните и корисните работи на марихуаната во медицински цели. Боксерот најави и истражувања за да ја искористи марихуаната што подобро во медицински цели. Фармата е голема 1,6 квадратни километри и е сместена во Јужна Калифорнија , а веќе таму се одржа музички фестивал, кој го организираше Тајсон со својот деловен партнер, Роб Хикман.

Тој ги шокира фановите кога призна дека месечно со својот партнер пушат марихуана во вредност од 40.000 долари.

Тајсон (53) се изрази во множина, па таблоидите претпоставуваат дека станува збор за сума испушена со пријателите или членовите на домаќинството, а призна и дека годишно само од продажба на канабис заработува по половина милион долари.