Мајкл Мур: Трамп ќе победи и на овие избори!

3848

Американскиот режисер на документарни филмови и активист Мајкл Мур оценил дека сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, е на пат да ја повтори својата победа на претседателските избори во 2016 година.

Мур бил еден од ретките кој ја предвидел победата на Трамп над демократската кандидатка Хилари Клинтон пред четири години, пишува Гардијан.

„Дали сте подготвени Трамп да победи? Дали сте ментално подготвени Трамп повторно да ве надмудри? Дали се теши дека со сигурност Трамп не може да победи?“, напишал тој на Фејсбук. Потоа им се обратил на гласачите, велејќи им „да не им дозволуваат на демократите да се ослободат од Трамп“.

„Треба да се ослободите од Трамп. Следните 67 дена треба да се будиме секој ден и да се осигураме дека секој од нас ќе најде 100 луѓе за гласање. Дејствувајте сега“, напишал Мур.

Мајкл Мур, се прослави со филмовите „Bowling for Columbine“ од 2002 година и „Fahrenheit 9/11“ за нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година.