Капитенот на шпанскиот олимписки тим во синхронизирано пливање, Она Карбонеj, се пожали на „драстичните мерки“ на организаторите, кои ѝ оневозможија да го донесе своето бебе на Игрите во Токио.

  • Морав да го напуштам мојот 11-месечен син, и покрај најавите дека ние, спортистите, можеме да патуваме на Игрите во придружба на нашите бебиња, напиша таа на Инстаграм.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) минатиот месец објави дека на мајките што дојат ќе им биде дозволено да патуваат со своите деца, по поплаките од канадската кошаркарка Ким Гочер и американската фудбалерка Алекс Морган.