Мајка со две деца на покривот моли за помош, храна и доставуваат со дрон: Најпотресната сцена од потопениот југ на Украина/ВИДЕО

91
Фото: Printscreen/Twitter/Oleksiy Goncharenko

Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на својот Твитер профил објави видео од градот Олешки, кој беше поплавен поради минирањето на браната Каховка. Како што објави, на видеото се гледа мајка со две деца која на покривот бараат помош од спасувач.

„Ова е окупираниот дел од областа Керсон, градот Олешки. Окупаторските власти велат дека таму се е нормално и не дозволуваат жителите да се евакуираат. Во меѓувреме мештаните преноќуваа на покривите од куќите.

Украинските артилерици од 406-та бригада успеале со дрон да донесат вода за пиење на жената и нејзините деца кои биле заробени на покривот. Русија не прави ништо за да ги спаси луѓето. Бидејќи ова е окупаторска држава, не се грижи за луѓето“, напиша Гончаренко.

Да потсетиме, поголемиот дел од јужниот дел на Украина беше поплавен поради минирањето на браната на реките Днепар. Спасувачките служби работат на евакуација на жителите, а претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека околу 42.000 луѓе се загрозени поради поплавите.