„Мајка на сите пандемии“ – Шпански грип: Како изгледаше светот по пандемијата од 1918 година?!

224

Ако веќе не сте слушнале за пандемијата на шпански грип, кризата со коронавирусот веројатно го привлече вашето внимание на фактот дека овој смртоносен вирус се проширил низ целиот свет во почетокот на дваесеттиот век.

Честопати нарекуван „мајка на сите пандемии“, во рок од две години (помеѓу 1918 и 1920 година), овој вирус предизвикал смрт кај 40 до 50 милиони луѓе, според податоците на Светската здравствена организација и Центрите за контрола на болести.

Научниците и историчарите веруваат дека била заразена една третина од светската популација, која во тоа време броела околу 1,8 милијарди луѓе.

Грипот предизвикал повеќе смртни случаи од Прва светска војна, која беше завршена во време кога болеста почнуваше да се шири, пишува BBC.

Додека целиот свет реагира на кризата со КОВИД-19, да ја разгледаме последната пандемија што го „закопа“ светот во место – и како изгледаше светот кога конечно се заврши?

1921 година, многу поинаков свет

Во 1918 година, медицината и науката беа многу поограничени во борбата против болестите отколку денес.

Лекарите знаеја дека зад шпанскиот грип стојат микроорганизми и дека болеста може да се пренесе од човек на човек, но и понатаму сметале дека причинител е бактерија, а не вирус.

Лечењето исто така беше ограничено – првиот антибиотик во светот, на пример, откриен е дури во 1928 година.

Првата вакцина против грип стана достапна за јавноста во 40-тите години на 20 век.

Клучно, немаше здравствен систем за сите луѓе. Па дури и во богатите земји, јавниот санитарен систем сè уште беше луксуз.

„Во индустријализираните земји, повеќето лекари или работеа сами или беа финансирани од добротворни организации или религиозни институции, а многу луѓе немаа пристап до нив“, вели Лора Спини, новинарка и авторка на книгата „Бледоликиот јавач: Шпански грип 1918 и како го смени светот“.

Помлади и посиромашни

За да бида полоши работите, Шпанскиотн грип напаѓал на начин што претходно не е забележан во пандемиите на грип, како што бил оној во 1889-90 година, којшто убил повеќе од милион луѓе во светот.

Повеќето од жртвите биле на возраст од 20 до 40 години, а мажите биле непропорционално погодени – веројатно затоа што се смета дека пандемијата започнала во преполните воени кампови на Западниот фронт и се ширела кога трупите се враќале дома по Првата светска војна.

Болеста исто така силно ги погодила сиромашните земји

Студија од 2020 година предводена од истражувачот од Харвард, Роберт Баро, проценува дека иако околу 0,5 проценти од тогашната американска популација починала од шпански грип (околу 550 000 лица), во Индија биле погодени 5,2 проценти од населението (околу 17 милиони смртни случаи)

И последиците за економијата беа огромни. Баро и неговиот тим процениле дека пандемијата довела до просечен пад од 6 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во сите земји.

Жртвите на Првата светска војна и шпанскиот грип доведоа до вистинска економска катастрофа“, вели писателката Катарина Арнолд, автор на книгата „Пандемија 1918“, за БиБиСи на српски јазик.