Маја Стевкова Штериева, прв човек на Македонската банкарска асоцијација

362

Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската банкарска асоцијација (МБА). Таа доаѓа на местото на Коста Митровски, кому мандатот му заврши предвреме поради, како што пропишува статутот на МБА, престанок на неговата функција како член на Управен одбор на банка. Коста долги години беше прв човек на Уни банка АД Скопје.

„Благодарам на довербата што ми ја укажавте да ја предводам оваа значајна асоцијација. Македонската банкарска асоцијација е важен чинител во банкарскиот сектор во државата и иако дејствува како самостоен субјект релативно кратко време, во изминатиот период реализираше повеќе значајни активности. Во наредниот период ќе продолжиме со активностите и со програмите кои МБА ги практикуваше досега, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на банкарскиот сектор, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни, што е и една од основните улоги на МБА“, рече Штериева по назначувањето на новата функција. Штериева е главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје.