Маја Оџаклиевска не сака да зборува за пикантерии од својот живот

318

Пејачката Маја Оџаклиевска, која со години живее во Белград, неодамна се појави на една српска телевизија после долго време пауза. Таа, инаку, не сака да оди по тие телевизиски емисии бидејќи не сака да зборува за својата приватност. Сепак, се премислила, па во една тамошна ТВ-емисија ја отвори душата. Зборуваше и за својот внук Лука кој има аутизам. Но, Маја најмногу зборуваше за себе и за своите маки, откривајќи дека имала вонматерична бременост, поради која завршила во кома.
-Страшно сум плашлива кога треба да примам анестезија. Не само поради вонматеричната бременост, туку така еднаш и кога имав операција на слепото црево, бев во кома. Едвај се освестив. Од тогаш многу се плашам, открива Оџаклиевска која токму поради такви некои работи од животот на кои не сака да се сеќава, не им излегува во пресрет на новинарите кои сакаат да дознаат пикантерии од популарната поп-пејачка. На професионално поле таа се подготвува да сними нови песни, оваа есен, секако и на својот мајчин македонски јазик. Д.М.