Машина ги преведува мозочните бранови во реченици

121

Научници успеале да го дешифрираат она што една личност го говори само гледајќи во нејзините мозочни бранови. Научници успеле да оспособат алгоритми за префрлање на обрасци од мозокот во реално време, и тоа со стапка на грешка од три отсто.

Порано, таканаречените мозочни машини имале ограничен успех во декодирањето на невронските активности. Меѓутоа, најново истражување објавено во списанието Нејчрш Неуросајенс открива поинаква слика, пренесува Би-Би-Си.

Претходно научниците успеаја да декодираат само фрагменти од изговорени зборови или мал процент зборови содржани во одредени фрази. Така, стручњакот за машинско учење Јозеф Макин од Универзитетот во Калифорнија и неговите колеги се обиделе да ја подобрат точноста на декодирањето.

Четири волонтери читале реченици наглас, додека електродите ја снимале нивната мозочна активност. Потоа нивната мозочна активност е внесена во компјутерски систем кој создал репрезентација на карактеристики кои редовно се појавуваат во тие податоци.

Тие обрасци се поврзуваат со повторувањето на карактеристиките на говорот, како самогласки, согласки, или наредби на делови од устата.

Другиот дел од системот ја дешифрира оваа репрезентација, збор по збор, за да создаде реченици.

Меѓутоа, авторите ја признаваат и слабоста од истражувањето. На пример, говорот што го дешифрирале бил ограничен на 30-50 реченици. Истражувачите додаваат дека машинскиот интерфејс идентификува поединечни зборови, а не само реченици. Во основа, ова значи дека би било можно да се декодираат реченици никогаш не пронајдени во сет за обука.

Кога компјутерскиот систем бил пробан на мозочна активност и говор од една личност на друга вежбајќи на друг волонтер, резултатите од декодирањето се подобриле, укажувајќи на тоа дека техниката би можела да се пренесува меѓу луѓе.

Извор:bbc.com