Мачно е да бидеш заменет по само две сезони

75

Двонеделната пауза, поради репрезентативните натпревари, трофејниот италијански стручњак, Антонио Конте, ја искористи за да се потцети на времето кога беше менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи. Италијанецот само две сезони престојуваше на „Стемфорд Бриџ“, но тоа му беше доволно за да ја освои и шампионската титула.

  • Не е лесно да се биде менаџер на Челзи.  Мора да се соочиш со голем пристисок, поготово однадвор, меѓутоа мачно е да бидеш заменет по само две сезони, поготово откако создадов вистинска врска со навивачите и играчите. Некогаш мора да се помириш со тоа бидејќи резултатите се лоши, но некогаш едноставно не разбираш зошто, изјави Конте.

Актуелниот предводник на италијанскиот калчо гигант Интер го потврди тоа што сите го знаат, дека во Челзи се зависи од еден човек, од сопственикот Роман Абрамович.

  • Г-динот Абрамович е многу страстен фудбалски фан. Односот со него беше неверојатен, поготово во мојата прва сезона, бидејќи бевме многу блиски, зборувавме за фудбал и се интересираше за моите идеи. Често знаеше да дојде на тренинг и да ме праша за начинот на кој ќе се соочиме со противникот, додаде Конте.