Мауро Икарди е очигледно ненаситен измамник и Ванда Нара многу страда во нивниот брак. Аргентинските медиуми тврдат дека 30-годишниот напаѓач се вратил во акција со Шина Суарез, со која наводно минатата година ја изневерил сопругата.

Ванда му го прости тоа неверството. Тие продолжија понатаму, но помалку од една година подоцна, Мауро и Шина наводно повторно се „во врска“.

„Сигурни извори ми кажаа дека Шина и Мауро си размениле пораки. Оној што ми го кажа тоа ме замоли да не кажувам ништо. Тој е човек кој е многу добро информиран и ми потврди се“, рече новинарката Карина Јавиколи и продолжува:

„Не навлегуваше во детали, односно не знам кој со кого прв контактирал. Не сакам да кажам дека ќе имаат или веќе имаат афера, но се во контакт“, додала Карина.
Веднаш реагирала Ванда Нара. Таа на социјалните мрежи испрати кратка и јасна порака.

„Тие приказни ме исцрпуваат. Немам време да размислувам за тоа или да проверам нешто. Имам доверба во Мауро“, истакна Ванда.