МАТТО донираше лаптопи за наставниците од 25 училишта во 14 рурални општини

89

Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО) донираше 61 лаптоп во 25 училишта во 14 општини низ државата. Компјутерите се наменети главно за наставниците во руралните средини.

– МАТТО во рамки на активностите за општествена одговорност, како и нејзините членки како општествено одговорни компании, посетија повеќе општини и училишта каде остварија средби со наставниците. Во рамки на акцијата, освен МАТТО која донираше 10 лаптопи, донираа и Халк банка – 10 лаптопи, Сити Плаза холдинг – 5 лаптопи, ТАВ Македонија ДООЕЛ – 5 лаптопи, Ерак Груп ДООЕЛ – 5 лаптопи, Клиничката болница Аџибадем Систина – 5 лаптопи, Меѓународно училиште Маариф – 3 лаптопи, ТФИ ТАБ Гида Јатиримлари (Кинг бургер и Уста донер) – 3 лаптопи, Сити Плаза ДОО Скопје – 2 лаптопи, Стоун Бриџ Хотел – 3 лаптопи, Лимак холдинг – 5 лаптопи, Пуцко Петрол ДООЕЛ – 5 лаптопи. Во име на МАТТО, пак, Сити Плаза ДОО Скопје донираше лаптопи на Општина Центар кои беа дистрибуирани на наставници во училиштата – информираа од МАТО.

Членките на МАТТО донираа лаптопи за повеќе основни училишта: Тефејуз“ од Скопје, „Истикбал” од Тетово; „Мустафа Кемал Ататурк“ од Студеничани; „Крсте Петков Мисирков“ и „Никола Карев“ во Општина Радовиш; „Али Фетхи Окјар“ во Општина Долнени; „Кирил и Методиј“ во општина Прилеп; „Браќа Миладиновци“ во Општина Могила, Битола;

Во Општина Валандово се донираше во подрачните основни училишта „Цветан Димов“, „Моша Пијаде“, „Намик Ќемал“, „29 Ноември“; во Општина Дојран во „Кочо Рацин“, во Општина Струмица во „Гоце Делчев“, „Даме Груев“ и „Маршал Тито“, во Општина Центар Жупа во „Неџати Зекерија“, Коџаџик, како и во подрачните училишта во селата Елевци, Брештани, Праленик, Новак; во Општината Пласница во „Мустафа Кемал Ататурк“, и „Јунус Емре“, село Лисичани кое е во рамки на истата општина; во Општина Карбинци во „Страшо Пинџур“; во Општина Ресен „Браќа Миладиновци, село Царев Двор.