Македонскиот ракометен тим Металург со реми се прости од настапот во Лигата на Европа, откако во последното коло од групната фаза во ова натпреварување на домашен терен одигра без победник 27:27 против Адемар Леон.

Металурзите“ речиси целиот натпревар беа во водство, а во последните десет минути Шпанците успеаја да направат пресврт и да се одлепат на еден – два гола разлика. Сепак, избраниците на тренерот Оливер Димитриоски успеаја да се изборат за реми со голот на Калуѓеровиќ во последната секунда од натпреварот.

Најефикасен во македонскиот тим на овој натпревар беше Серафимов со 7 гола, Калуѓеровиќ го заврши мечот со пет гола. Кај гостите најмногу се истакна Перез со 7 гола.