Мас: Странските платеници постепено ќе се повлекуваат од Либија

37

Постигнат е напредок за повлекување на сите платеници од Либија, што може да се случи во наредните денови, изјави шефот на либиското Министерство за надворешни работи.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас истакна дека повлекувањето на странските трупи од Либија треба да се спроведе постепено. Тој ова го рече на прес-конференција во Берлин по резултатите од втората Берлинска конференција за Либија, организирана од германското Министерство за надворешни работи и ОН.

– Два аспекта се клучни за напредокот на Либија од наша гледна точка. Тоа се спроведување на изборите за кои зборувавме денеска и повлекување на сите странски сили и платеници, нагласи Мас.

Истовремено, тој додаде дека за оваа тема интензивно се дискутирало за време на конференцијата за Либија.