Масовна тепачка во јорданскиот парламент/ВИДЕО

190

Пратениците во јорданскиот парламент се степаа во живо на телевизија за време на дебатата за уставните реформи, вклучувајќи го и прашањето за родовата еднаквост, што доведе до прекин на седницата.

Жестока дискусија избувна меѓу пратениците и претседателот на парламентот, Абделкарим ел-Дагми. Причината беше амандманот со кој се додава заменик за женски род за граѓаните на Јордан во поглавјето од Уставот, кое гарантира еднакви права на сите граѓани, пренесе АФП.

Неколку пратеници жестоко се спротивставија на амандманот нарекувајќи го некорисен. Дагми ја напушти салата, а седницата ќе продолжи денеска.

Уставот на ова кралство бил усвоен во 1952 година и бил променет 29 пати, при што, според експертите, овластувањата на монархот биле зголемени на сметка на законодавниот дом.