Руската ракометарка Валерија Маслова е последното засилување на црногорскиот ракометен клуб Будуќност. Маслова потпиша  двегодишен договор и  веќе пристигна во Подгорица. Покрај  Маслова, на новите соиграчи им се придружија Андреа Лекиќ, Алисон Пино и Барбара Аренхарт.

-Многу сум среќна што сум тука и со нетрпение ги чекам предизвиците што доаѓаат. Ќе бидам наскоро со тимот и сакам да дадам свој придонес за да му помогнам на најдобар начин, рече Маслова по пристигнувањето во Подгорица.

Маслова (19) игра како десен бек, а пристигна во Будуќност од Ростов. Таа дебитираше за руската репрезентација во мај 2018 година на 17-годишна возраст во квалификацискиот дуел против Португалија за место на Европското првенство.