Маск потврди: Твитер го менува името

132

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, ги потврди плановите за ребрендирање на својата социјална мрежа.

„Токму така“, напиша извршниот директор на Tesla на својот Твитер профил, коментирајќи ја веста објавена на Twitter Daily News дека буквата „X“ може да го замени сегашното име на социјалната мрежа, како и логото на сината птица.

Маск претходно навести дека Twitter може да се преименува во иднина и дека во споредба со стариот Twitter, платформата „X“ ќе има многу поголем избор на долги текстуални пораки, видео, пораки и финансиски услуги.

– „Твитер“ е, мислам, погрешен бренд за тоа – рекол Маск, а пренесува Twitter Daily News.