Маск: Владата да се тргне од патот, не ни требаат субвенции за електрични автомобили

49

Во видео интервју синоќа за весникот Волстрит журнал, основачот на Тесла, Илон Маск, изјави дека е против законскиот проект што го спрема Администрацијата за субвенции на производство на електрични автомобили. 

-Државата е најголем монопол во една економија, таа не може да банкротира, и нема замена за неа, изјави тој. 

Додаде дека учеството на државата во економијата треба да биде минимално и да се сведува на арбитража, „или ако споредиме со фудбалот, државата треба да биде судија кој не се меша во играта и одговорно детектира нарушувања“, рече Маск. 

Новиот план на претседателот Џо Бајден предвидува зголемени даночни олеснувања и нови субвенции за купувачите на електро автомобили произведени во американски погони кои членуваат во синдикат. Олеснувања се максимални ако фабриката е член на синдикатот, но погоните на Тесла, најголемиот производител на електрична автомобили во САД, не членуваат во ниту еден синдикат. 

Маск порача дека ќе биде подобро таков закон да не биде усвоен. 

-Јас буквално велам, не ни требаат никакви субвенции… мислам дека владата треба едноставно да се тргне од патот и да не пречи во прогресот, рече тој.