Марјан Неќак добитник на специјалната награда на 6. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“

87
Специјалната награда на градот Крагуевац на 16. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“ ја доби Марјан Неќак за извонреден музички концепт во претставата „Само глас“ во продукција на Македонскиот народен театар.
Според МНТ, она што жирито на овој фестивал го воодушевува е музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста, а „Само глас“, како што велат, е ретко дело во кое музиката е потполн партнер и на актерот, и на текстот, и на режијата, и на сценографијата, и на филмот.