Србија е горда на својот сограѓанин магистeрот на биолошки науки Немања Деспот Марјановиќ кој на Харвард истражува нов метод на лекување на малигните заболувања.

Тој за телевизијата ТВ Прва кажува дека за 10 до 15 години ракот ќе се лекува како што денеска се лекуваат бактериските инфекции.

Идниот доктор на инженерските науки на престижниот факултет  работи на кардинален проект-атлас на хуманите клетки за кои кажува дека се нуди решение за успешно лекување на ракот. Според него се работи за најголем светски проект во медицинската наука кој што ќе трае десетина години. Во него се вклучени околу 1.000 врвни научници.