Популарната Марјана Станојковска, откако облече венчаница, сите здраво за готово се фатија за чаршискиот муабет дека таа го кажала судбоносното ДА, дека ќе се мажи. Но, набргу потоа Марјана го демантираше сето тоа дека ќе застане на луд камен. Всушност, убавата манекенка беше само дел од традиционалниот 10-ти по ред Саем за венчаници, па со оглед на тоа беше и облечена во венчаница во која се прошета низ модната писта предизвикувајќи многу аплаузи, но и многу озборувања и прашања кога ќе стапи во брак?

Марјана иако вели дека не дава одговори на прашањата врзани со нејзината приватност, сигурни сме дека самата таа е сигурна дека во брак секако ќе влезе кога таа тоа ќе посака. Датумите и времето не ѝ се битни, туку разбирањата со партнерот.
Д.М. фото:ФБ-Инстаграм