Марјана Станојковска по терк на бабите: Подготвив старински колач, а измамив насмевка кај тетка Данче

190

Марјана Станојковска е доказ дека убавите и средени жени сепак знаат и да готват и да одделат време за во кујна, а не само за шминкање и дотерување. Секако, ако се сака, за сè може да се најде време. Па, така убавата водителка, своите кулинарски вештина ги наследила од нејзините баби, а тефтерот со рецепти на баба ѝ Мира го чува со години.

– Пред малку го прелистував стариот тефтер со рецептите од баба ми и така читајќи ги нејзините торти и колачи, се потсетив на неа и на тоа како со љубов ми ги подготвуваше моите омилени слатки. Манче, што сакаш баба да ти направи? Сакаш палачинки, васина торта, крофни или сакаш да направиме бомбици? Тоа беше мојата баба Мира. Со мојата друга баба, Марика, веднаш ме врзуваат спомени како заедно ги полевавме ружите од дворот, јадевме од грозјето на дедо ми и секогаш ќе го памтам вкусот на највкусните домашни јуфки кои таа ги подготвуваше. За жал, двете мои баби повеќе не се меѓу нас, но секогаш ми е мило и ми доаѓа убаво на душата кога ќе се сетам на нив. Тоа се моите ангели чувари.

Марјана по теркот на бабите одлучи да ја изненади мајката на најдобрата другарка на нејзината мајка, со старински колач со џем и сливи кој водителката сама го подготвила.

– Денес решив да ја посетам тетка Данче, инаку мајка на Ане, најдобрата другарка на мајка ми. Тетка Данче ја има пораснато и мајка ми и сè уште таа и Ане знаат да поседат во нејзината моминска соба (која патем тетка Данче ја чува непроменета) и да си евоцираат спомени од детството и младоста. Решив да ѝ го подготвам оној класичен старински колач со џем од сливи и да ја посетам, за барем на кратко да го осетиме духот на старите добри времиња. Мило ми е што измамив насмевка на нејзиното лице и ѝ го разубавив денот. Понекогаш дури и најмалите дела можат да го направат тоа.
Отворете го вашето срце и душа и почувствувајте ја добрината која природно ја поседувате. Ве повикувам сите заедно да се вклучиме на бранот добри дела и да почнеме да споделуваме добрина, посочи Станојковска.