Мартин од „Некст тајм“ клекна пред убавината на својата Андреа – го кажа судбоносното „да“!

2160

Дали му беше за верување или не или беше само маркетиншки трик, тетовираниот Мартин Филиповски, македонскиот рок-музичар од дуото „Некст тајм“, често знаеше да каже: „Не се женам, не“. Но, и покрај тоа, дефинитивно клекна пред убавината на својата девојка Андреа со која беше во долгогодишна врска. И тоа, верувале или не, на својот роденден ја побара раката на својата љубена Андријанче. А, и таа како едвај да чекаше да се случи ваков свечен чин. Андреа е професионална, успешна ракометарка која, заедно со Мартин, им ја соопшти веста на пријателите, роднините, колегите, па и на новинарите. Тие им возвратија со еден куп убави и искрени честитки, а им посакаа и што поскоро да се остварат како родители. Некои огнени фанови на Мартин дури и споделија неколку совети, упатувајќи ги на негова адреса.

Тие велат дека и покрај тоа што Мартин е многу популарно име во Македонија и во голем број други земји, тоа има и значење. Според нумерологијата, тоа се луѓе со големи лидерски вештини, со длабока желба да бидат водачи. Ним им е потребна и голема доза независност. Во исто време, може да се фокусираат на големи работи и да внимаваат на деталите. Многу се креативни и знаат да се изразат преку различни активности, а, исто така, музиката и уметноста силно ги привлекуваат.

Во кариерата, тие често се на оние места што се опкружени со многу публика. Кај Мартин, се покажа дека навистина сето ова е точно. Оној што го носи името Мартин е стабилен, мирен, приврзан кон семејството, самоорганизиран и одговорен. Во љубовта е лојален, страстен во креветот и грижлив. Наедно сака да биде многу сакан од својата партнерка. Речиси секој Мартин е и голем дечар, децата му го исполнуваат животот – се корисните совети од фановите за Мартин од „Некст тајм“. (Д.М.)