Еден од најдобрите скијачи на сите времиња, Австриецот Марсел Хиршер, објави крај на кариерата и тоа само на 30 години. Тој ја наведе причината поради која се одлучил на таков чекор.

  • Има многу причини за ова. Мојата одлука е збир од нив. Сè повеќе е тешко да се најде мотивација и е пократко времето во текот на летото за рехабилитација. Имам среќа затоа што 12 години скијам на високо ниво без сериозни повреди. Верувам дека имав неверојатна доза на среќа, а тоа е затоа што со две здрави нозе се враќам дома. Паметна одлука е тоа што во овој момент ја завршив кариерата. Со задоволство ќе се сеќавам на среќните моменти во скијањето. Среќен сум за сè што постигнав. Јас повторно би го сторил истото, изјави Хирхер, актуелен освојувач на кристалниот глобус во Светскиот куп.

Овој 31-годишен Австриец е рекордер по бројот на кристални глобуси (осум), а беше незапирлив на Светскиот куп од сезоната 2011/12. Во најсилното натпреварување оствари 67 победа, што е трет по ред во историјата, зад Швеѓанецот Ингемар Стенмарк со 86 и американската скијачка Линдзи Вон, која застана 82 пати на победничкиот подиум во кариерата.

Хиршер освои два златни медали и едно сребро на Олимписките игри. Тој го чекаше најсјајното одликување до Игрите во Пјонгчанг, кога прво триумфираше во комбинација, а потоа и во велеслалом. Тој исто така има и сребро од Игрите во Сочи, Олимпијада, која се одржа четири години порано. Во Светскиот куп има освоено пет златни медали, три во слалом и по еден во комбинација и велеслалом, а два има освоено во тимските дисциплини со репрезентацијата на Австрија, додека освои и четири сребрени медали.