Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја одбрани титулата во Мото ГП, во кралската класата, откако победи на трката во Тајланд. За него ова е осма светска титула во кариерата, шеста во кралската класа. Со овој успех, шпанскиот возач застана на само еден трофеј до големиот Валентино Роси, а има само 26 години и многу сезони пред себе за да го надмине „докторот“.

Завршницата донесе неизвесност и фантастичен дуел меѓу Маркез и Квартараро. Членот на Хонда заостануваше, но на четири круга до крајот го започна својот напад. Последниот круг го одлучи победникот, а во истиот големиот шампион покажа дека е класа за конкуренцијата и на крај заврши на првата позиција.