Тимот на Репсол Хонда конечно ги израдува фановите откривајќи дека Марк Маркез добил зелено светло за настап за следната трка во Мото ГП шампионатот.

По ваквата објава на Хонда, со потврда на информацијата излезе и самиот Маркез, кој потенцираше дека ќе биде дел од трката за Големата награда на Португалија која се вози на 18-ти април.

Осумкратниот светски шампион имаше три операции на раката во изминатите девет месеци и пропушти најголем дел од минатата сезона, а ги прескокна и почетните две од новата и не беше дел од падокот во Катар за да не се избрза со враќањето.