Актуелниот шампион во Мото ГП шампионатот, Шпанецот Марк Маркез, и оваа зима ќе мине подолг период во рехабилитација, исто како и минатата година, откако мораше да замине на операција поради проблеми со рамото, овој пат со десното. Првиот тест на Шпанецот се очекува да биде на почетокот од февруари во Малезија.

  • Би сакал рехабилитацијата да оди подобро, но не е така, бидејќи беше покомплицирано во однос отколку што очекував. Минатата година имав операција на левото рамо и заздравувањето беше поинакво. Сега делуваше дека се ќе биде полесно и побрзо, но не е. Се надевам дека ќе бидам во форма и ќе се појавам на подготовките во Малезија, истакна Марк Маркез.