Марко Јариќ конечно ја заборави Адријана Лима

167

Славниот кошаркар, Марко Јариќ, веќе година дена ужива во љубовта со атрактивна манекенка која ја крие од очите на јавноста.

Откако се разведе од поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“, Адријана Лима, поранешниот кошаркар на сите начини се обидува да го сокрие својот љубовен живот. Неодамна Марко на социјалните мрежи прикачи неколку фотографии со својата нова девојка, но нејзиниот идентитет не го откри. На фотките може да се забележат само нивните споени дланки.

Но, на светските медиуми не им беше тешко за да ја пронајдат личноста со која Јариќ го дели креветот, па дојдоа до сознание дека се работи за Бони Милер.