Марко Силва доби шут-карта

86

Португалецот Марко Силва е сменет од функцијата менаџер на англискиот премиерлигаш Евертон. Тој 18 месеци седеше на клупата на клубот од Ливерпул, но лошите резултати го симнаа тимот во зоната на испаѓање, и мораше нешто да се менува. Силва го презеде кормилото на „карамелите“ во мај 2018 година, и на 60 меча имаше по 24 победи и порази.

Како привремен менаџер се спомнува шкотскиот стручњак Дејвид Мојс, но ова решение ќе биде непопуларно кај навивачите, кои воопшто не го сакаат некогашниот тренер. Мојс 11 сезони го водеше Евертон, но нема никакви успеси откако си замина од клубот во 2013 година. Кој и да биде тренер, нема да му биде лесно, во следниот месец тимот има серија тешки мечеви.