Маркетите да достават електронско барање за доставување намирници за време на полицискиот час

392

Маркетите кои работат на територијата на општина Ѓорче Петров, а од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници е потребно да достават електронско барање (е-маил) до општинскиот Кризен штаб со цел Општината да определи оператори кои ќе можат да доставуваат намирници за време на забраната за движење.

Од Општината информираат дека економските оператори кои се регистрирани да вршат достава преку он-лајн нарачки може и натаму непречено да ја вршат својата работа во сабота и недела, но претходно треба да ја известат општината за нивното движење.

-Сите економски оператори при доставување на барањето за дозвола е потребно да достават документ за регистрирана дејност (скенирана копија од ДРД образец). Оние кои што ќе бидат определени треба да ја вршат дејноста, согласно позитивната законска регулатива и стандарди. Тие ќе бидат јавно објавени на веб страната на општина Ѓорче Петров-соопштија од локалната самоуправа додавајќи дека комуникацијата за горенаведеното ќе се врши преку електронска пошта со следнава адреса: kontakt@opstinagpetrov.gov.mk.