Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез очигледно тешко дека ќе ја одбрани титулата во Мото ГП шампионатот. По пропуштените досегашни трки поради повреда на надлактицата, осумкратниот светски шампион нема да биде дел ниту од трката во Австрија. Екипата на Хонда не сака да ризикува со својот пилот и ќе го одмори и на следната трка од шампионатот. Поради пад уште на првата трка сезонава, Шпанецот е надвор од конкуренција за бодови. Операцијата на десното рамо ќе го натера да направи подолга пауза. Инаку, засега пропушти три трки, но не планира да избрзува со кам-бекот и ќе внимава на своето здравје.

Со 59 бода на врвот во генералниот пласман е Фабио Квартараро пред Маверик Вињалес со 42 и Франко Морбидели со 31, колку што има и Андреа Довициозо.

Трката за Големата награда на Австрија е закажана за оваа недела.