Најдобриот фински кошаркар, Лаури Марканен, не е задоволен од амбициите на Чикаго, па изразил желба да го напушти клубот. Според американските медиуми тој не бил задоволен од работата на тренерот, клупските челници, менаџментот и од неговата улога во тимот.

  • Ова е трета година како го слушаме незадоволството на Марканен. Вели дека работите во клубот се одвиваат многу лошо и дека би сакал да ги напушти Чикаго, наведува „Чикаго Сан Трибјун“.

Марканен беше седми пик на драфтот во 2017 година. Во тековната сезона има просек од 14 поени и шест скока по натпревар. Договорот на Марканен со Чикаго истекува во 2022 година кога ќе може како слободен играч да го напушти клубот.