Марија Тодороска: Масло од егзотичното дрво “неем“ – ги брише ревматските болки  

147

Светски познатата македонска билкарка Марија Тодороска препорачува само природни лекови!

Познатата македонска билкарка, скопјанката Марија Тодороска, со години наназад преку природните придобивки, кои ги создава од најразновидни билки и растенија, а кои растат не само во Македонија, туку и низ планетава, на луѓето максимално им помага да си најдат соодветен лек за своите здравствени маки. Можеби не стопроцентно спасителен, доколку болеста не се лекува навреме, но сигурно стопроцентно помага човекот да ги ублажи или отстрани болките во организмот, на делови од кожата.

Во овој дел од годината, Марија на читателите на весникот ВЕЧЕР го препорачува етеричното масло што се добива од дрвото “неем“. И токму ова масло на топлото време ја лекува и оштетената кожа, воспаленијата на кожата, а ја омекнува и ја влажи исушената кожа, го отстранува црвенилото и тоа по подолга правилна употреба. Воедно го отстранува чешањето кое може да биде исклучително иритирачко, до зголемено црвенило, па дури и до благо крвавење.

– Ова масло се добива по пат на водена дестилација од листот и плодот од егзотичното дрво “неем“, вели Марија за лековитото масло кое го има во аптеката „Матија“. Дрвото е некаде познато и по името маргоза дрво. Потекнува од тропските и суптропските региони, пред сè од Јужна Азија, Јужна Америка од пределите на Пацификот. Лековитото масло од ова дрво содржи исклучителна доза на аминокиселини, антиоксиданти, разновидни витамини, каротеноиди и феноли. Се користи и во официјалната медицина, освен што се практикува неговата масовна употреба и во алтернативна медицина. Марија, нагласува дека маслото од неем е исклучително ефикасно, пред сè, кај секој што има силни ревматски болки. Доволно е редовно да се мачкаат болните места, преку кожата телото да го впие маслото со што се постига ефикасноста. Што се народски вели, болките се бришат.

Тогаш пациентот ќе почувствува дека ревматските болки пополека попуштаат или најчесто исчезнуваат по некое време. Најважна е правилна употреба.  Д.М.