Со почетокот на светската пандемија со коронавирусот, многумина мораа да се приспособат на новите услови на живот. А тоа не беше лесно да се направи, што често резултираше со неизбежна штета на нашето физичко и ментално здравје.

Како растеше бројот на заразени во светски рамки, така сè почесто ѕвонеше мојот телефон – се бараше помош, совет како да се храните во тој период. Само за три месеци бројот на жени кои бараат помош, кога е во прашање исхраната се зголеми за 65 отсто во споредба со минатата година. Тежината на најмногу од нас растеше.

Нема да ја заборавам госпоѓа Х која телесната тежина ја зголемила за неверојатни 12 килограми и тоа само за 2,5 месеци. Од анализите видов се уште стабилна здравствената состојба, а покачувањето на тежината настанало откако таа го загубила своето работно место.

Значи, имавме ситуација фактор стрес кој ја довело до нарушување во исхраната. А тоа се третира како болест. Кои знаци ме доведоа до оваа констатација?

Еве некои од знаците и симптомите на кои треба да обрнете внимание

  • Само јадење одредени видови храна, користење на бања веднаш по јадење.

Оправдување за да не јадете во време на оброк, опсесија со телесна тежина / прекумерна тежина, брзи флуктуации во телесната тежина (губење на тежината или зголемување на телесната тежина), промени во расположението, прекумерна употреба на вежбање.

Од сите овие симптоми Госпоѓа Х имаше: брзи флуткации на телесната тежина, јадење на одредени видови на храна – прости јаглехидрати, рафинирани шеќери, промени на расположението.

Сакам да дадам малку појаснување што е нарушување на исхраната:

„Нарушување во исхраната“ е фраза што опишува состојби во кои индивидуите се занимаваат со нарушено јадење.

Нарушувањата во исхраната не се едноставно лоши навики во исхраната, туку се препознаени нарушувања на менталното здравје во кои емоционалните проблеми се манифестираат во штетни навики на јадење.

Најчести видови на нарушувања во исхраната се анорексија, булимија  и нарушување на прејадување. Сепак, нарушувања во исхраната, според некои проценки, имаат осум пати поголема веројатност да влијаат на жените отколку мажите и се почесто се среќаваат кај помладите жени. Во овој случај кој го третирав стануваше збор за нарушување со прејадување. Како ја одредивме нејзината состојба?  Таа изјави дека  јадела додека не се чувствувала сито, дека јадела многу брзо, големи количества храна дури и кога не е гладна, јаделасама, имала  чувство на одвратност, депресија или чувство на вина по прекумерното јадење.

Што е нарушување на претерано јадење?

Нарушувањето на претерано јадење е вообичаено нарушување во исхраната во кое поединец редовно  ВНЕСУВА  големо количество храна на едно седење или постојано „пасе“ дури и кога не е гладен или станува физички непријатно од консумирање толку многу храна.

За разлика од булимиците, клиентите кои прекумерно јадат не ги трошат внесот на калории, ниту пак рутински вежбаат прекумерно во обид да ги потрошат калориите.

Нарушувањето на претерано јадење може да се појави кај лица од кој било пол, раса, возраст или социо-економски статус и бидејќи прекумерните јадачи често стануваат луѓе со прекумерни килограми или клинички дебели, тие се ставаат под ризик за широк спектар на здравствени состојби и болести.

Постојат две прашања што треба да се решат во третманот на нарушување на прекумерното јадење:

  • дебелината, за луѓето со прекумерна тежина од консумирање премногу храна
  • самите епизоди на прејадување.

Се одредува специјален ТРЕТМАН  за нарушување на прејадувањето во исхраната:

Терапија: Почнуваме со когнитивна бихејвиорална терапија

Когнитивна бихејвиорална терапија е вид на психотерапија во која индивидуата редовно разговара за прекумерно јадење со терапевт.

Дискусиите се за негативните мисли што ги има лицето за себе, заедно со нивните причини за прекумерно јадење, како што се слаба самодоверба, лоша слика на телото, депресија и вознемиреност.

Тие ќе научат да ги препознаваат и следат ситуациите што предизвикуваат епизоди на прејадување и ќе откријат како да се справат со стресот и тешките ситуации на друг начин освен со прекумерно јадење. Когнитивната бихејвиорална терапија има за цел да ги елиминира нездравите навики во исхраната.

Интерперсонална терапија: Интерперсоналната терапија му помага на лицето да идентификува и да се справува со проблемите поврзани со врската што може да се појават со партнер, член на семејство или пријател. Целта е да му се помогне на човекот да гради односи што поддржуваат отколку деструктивни, така што тие повеќе нема да чувствуваат потреба да се свртат кон прејадување заради емоционална удобност.

Додека многу луѓе со нарушување на прејадувањето во исхраната имаат здравствени компликации поврзани со дебелината и треба да ослабат, обично не е доволно само да се „држи диета“, бидејќи тоа обично не се однесува на основната причина за проблемот.

Постојат програми за слабеење, кои се фокусираат на помагање на луѓето да ослабат. Сепак, некој со нарушување на прејадување треба да присуствува на таква програма само под професинален  надзор, бидејќи самата диета може да доведе до прејадување што ќе ги влоши работите. Колку побрзо се побара третман со нарушувања во исхраната толку подобро, бидејќи дебелината има негативни последици врз долгорочното здравје, како што се срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок и мозочен удар.

Постојат повеќе причини за нарушување на прејадување јас би сакала да ги набројам сите но во мојот случај и во ова време на ковид можам со сигурност да потврдам дека една од најголемите причини се  психолошки и емоционални.

Марија Соколоска

Секоја среда колумна за здравјето

Почитувани читатели, во ова невреме кога е во прашање здравјето на луѓето, редакцијата на весникот ВЕЧЕР и неговиот портал vecer.press направи напор специјaлно за Вас, драги читатели, на нашите страници да обезбеди бесплатни совети од познатата и стручна нутриционистка Марија Соколоска, која живее во Лондон. Секоја среда  преку нејзините текстови, таа ќе едуцира, ќе ни дава насоки и ќе не советува како преку храната да обезбедиме здравје, да ја задржиме телесната тежина или да ја доведеме во разумни рамки зошто тежината е една од клучните фактори за здравјето.

На Марија Соколоска ѝ благодариме за соработката!

Редакција „ВЕЧЕР”