Маричиќ:Имплементацијата на Преспанскиот договор зависи од преговорите со ЕУ

60

Шефот намакедонскиот технички тим за преговори со ЕУ , Бојан Маричиќ, кој деновиве престојува во Брисел во рамките на техничкиот скрининг процес вели дека Европската Комисија и земјите членки треба да бидат свесни дека имплементацијата на важен дел од Преспанскиот договор е поврзан со отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Евентуалното неотворање преговори би можел да го доведе во прашање спроведувањето на спогодбата со Грција.

Како што изјави во интевју на МИА во тек е веќе осмата сесија на техничката подготовка за преговори, оваа недела се работи на поглавјето еден, заеднички пазар на стоки. Веќе од почеток на годинава како што објаснува Маричиќ се поминати три поглавја и до средината на годината ќе треба да се поминат  21 поглавје. И уште седум во втората половина од годината. Во меѓувреме се очекува да  поминат најголем дел и заокружена преговарачка структура што ќе ја дочека подготвено одлуката во јуни, со надеж да биде позитивна и да ги почнат  преговорите со ЕУ и официјално, првата меѓувладина конференција некаде веднаш после летото.

На прашање дали ке добиеме преговори Маричиќ  вели дека за нас е примарно ние да го направиме нашиот дел, што зависи од нас. Според него има  трите основни патеки по кои што се движи владата и Република Македонија. Патеката на исполнување на Преспанскиот договор, тој дел е завршен во најголема мера, нашиот дел е завршен, следува грчката ратификација и сите фази на имплементација како што се опишани.

Втората патека се реформите. Како што објаснугва направен е  план 18 што се спроведува и дава веќе видливи резултати во клучните области утврдени од Европскиот Совет минатата година, и во борбата против корупцијата, и во правосудството и во тајните служби и јавната администрација, направени се крупни чекори што треба да се реализираат до моментот на одлуката за преговори.

Третата патека е заокружување на преговарачките тимови, тоа го комплетираме после секоја скрининг сесија. До крајот на месецот очекуваме да се донесат актите на Влада кои што ќе ја дефинираат преговарачката структура детално правно и ќе ги дефинираат односите меѓу институциите во таа смисла.” Нас ни е најважно да бидеме подготвени до јуни, да нема никаков аргумент и никакво образложение зашто некоја држава би имала основа да нѐ блокира. Знаеме дека исходот зависи и од резултатите на европските избори и од расположението на земјите членки, но убедени сме дека направивме доволно за да ги започнеме преговорите.”-појаснува тој .

За одговорност Маричиќ вели дека  е прерано да се зборува бидејќи работат на тоа и веруваат  дека  преговорите ќе почнат. “Сите оние кои одлучуваат за почеток на преговори треба да знаат дека има повеќе фактори кои се поврзани и зависат од почетокот на преговорите, вклучувајќи го и Преспанскиот договор. Самата имплементација на Преспанскиот договор, во еден свој дел, во однос на внатрешната примена на новите имиња и терминологија, е врзан со почетокот на преговорите во поглавјата од правото на ЕУ. “Мислам дека никој не би сакал да се доведе во ситуација во која поради тоа, поради неносење на одлука за преговори се блокира целосната имплементација на Преспанскиот договор. Затоа се надеваме дека ќе имаат предвид државите членки кои што одлучуваат, и Европската комисија, дека и Преспанскиот договор и реформите се директно поврзани со почетокот на преговорите. Евентуално недонесување на одлуката секако негативно би влијаело врз овие процеси и би го пресекло логичниот след на настаните досега и би го пресекло натамошниот развој на државата. Доколку тоа не се случи секако ќе се направи некаков план заедно со ЕК, но ние сме убедени дека ќе имаме преговори.-изјави Маричиќ

Во дел од интервјуто се осврнува и на бегството на Груевски каде што вели дека освен оние кои се во јавноста, немаат други вести.” Груевски е азилант во Унгарија и бесправно бега од властите да издржи затворска казна. Ние ги предадовме сите документи на Унгарија и се надеваме ќе постапат според правилата и дека ќе го екстрадираат. Доколку не, тоа ќе биде нивна одлука со која што ние не се согласуваме.Не е дека не можат, постојат јасни правила за екстрадиција и на европско ниво и мислам дека можат, има доволно аргументи за тоа, ги доставивме сите акти кои укажуваат на тоа дека Груевски треба да биде вратен и да не ја избегнува правдата и сметаме дека неоправдано му е доделен азил, но тоа е одлука на Унгарија.

Од информациите што јас ги имам е дека сѐ уште работат и МВР и обвинителството на целосно разоткривање на целиот случај, вклучувајќи ги контактите што ги имал и дома и надвор од државата и верувам дека штом ќе имаат комплетен извештај ќе излезат во јавност.

Не можам да кажам, треба да ги прашате МВР и обвинителството, бидејќи беше најавено, очекувам дека ќе има кога ќе има доволно информации.

Одговорност може да се бара откако ќе се расветлат сите детали од настанот.-дециден е тој.