EUGENE, OREGON - JUNE 19: Sha'Carri Richardson celebrates winning the Women's 100 Meter final on day 2 of the 2020 U.S. Olympic Track & Field Team Trials at Hayward Field on June 19, 2021 in Eugene, Oregon. (Photo by Patrick Smith/Getty Images)

Светската антидопинг агенција (ВАДА), објави дека ќе ја преиспита одлуката за тоа дали марихуаната би требало да остане на листата забранети супстанци.

Антидопинг агенцијата претходно објави дека канабисот ќе им биде забранет за употреба на атлетичарите и во наредната година, но дека во новата сезона ќе направи ревизија и потоа ќе ја преиспита одлуката дали оваа одлука треба да се промени.

На овој потег се одлучи откако на американската атлетичарка Шакари Ричарсдон ѝ беше забрането да учествува на Олимписките игри во Токио, бидејќи во јуни годинава беше позитивна токму на марихуана.

Оваа атлетичарка беше суспендирана на месец дена, а одлуката на ВАДА ја критикуваа многу спортисти и побараа Ричардсон да добие дозвола да се натпреварува на ЛОИ во Токио.

Американката откако падна на допинг-тестот, изјави дека канабисот го користела за да ја преболи смртта на својата мајка што ѝ паднала многу тешко, но тоа не ѝ помогна да ја избегне суспензијата.

Поради ова ВАДА објави дека ќе направи ревизија откако доби многу барања за тоа, постои можност марихуаната да биде дозволена во иднина, односно да не биде на листата забранети супстанции.