Марина обвинета за шпиунажа поради Хаверц

175

И пред официјално да биде означен почетокот на летниот преоден рок, лондонскиот премиерлигаш Челзи ги осигура услугите на Тимо Вернер и на Хаким Зиеш, но и понатаму, најголема желба е германскиот интернационалец Каи Хаверц.

Клучната улога при реализација на тој трансфер треба да биде одиграна од Марина Грановскаја, која важи за тајно оружје на сопственикот на „сините“, Роман Абрамович. Марина изминатото лето извлече 140 мил. евра од Реал (М) за трансферот на Еден Азар, а ова лето, пред носот на Ливерпул, го украде Тимо Вернер.

Хаверц е најголема желба на менаџерот Франк Лампард и затоа Абрамович и нареди на Грановскаја да го реши и тој „проблем“. Репрезентативецот на Германија сака да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, каде го чекаат репрезентативните колеги, Тимо Вернер и Антонио Рудигер, но проблем е неговото обештетување. Челниците на Баер од Леверкузен испратија јасна порака дека Хаверц е достапен само за понуда од 100 мил. евра, а Челзи е подготвен да понуди максимум 80 мил. евра.

Како што пишува „Дејли Мејл“, Грановскаја има две задачи. Прво да ја намали цената, а потоа да ги обезбеди услугите на Хаверц. Германски „Билд“ пишува дека Русинката веќе користи алтернативни методи, а Баер ја има обвинето за шпиунажа. Марина веќе се распрашувала кај своите агенти за хиерархијата во Баер, односно сакала да открие кој е најслабата алка во преговарачкиот тим на „фармацевтите“. „Билд“ пишува дека Грановскаја најмногу се распрашувала за Руди Фелер, кој е главен во преговарачкиот тим на Баер.

„Кикер“ веднаш стапи во контакт со поранешниот тренер на Вердер од Бремен, Клаус Алфонс, кој е добро упатен во целата ситуација.

  • Станува збор за ужансо тешка личност кога се во прашање преговорите, но истовремено е многу добра. Сепак, убеден сум дека Баер нема да даде никаков „корона“ попуст за Хаверц и ќе ја бара целата сума за својот најдобар фудбалер, изјави Алфонс.

И покрај големиот притисок на Челзи, офанзивниот играч за врска нема да замине од „Бај Арена“ се додека неговиот тим игра во Лига Европа.