Ако им се верува на зборовите на специјалистот на болницата во Цирих, Хан Ридигер, Енди Мареј мора итно да ја заврши кариерата. Причина за ваквата одлука е констатацијата на докторот кој го предупреди Британецот дека може да добие затруеност во крвта , бидејќи неодамна му беше вграден вештачки колк.

-По таква операција не смееше да се врати на тениските терени. Мареј со тој потег превзема голем ризик. Тој имаше операција на колкот со таканаречениот „Бирмингемски метод“, каде му е вграден метален дел каде што двата дела од коската му се тријат. Пред десет години имав таков метод користен во Швајцарија, кој има катастрофални последици, откри Ридигер.