Поранешниот  светски рекет број еден Британецот Енди Мареј, најави дека нема да игра за Велика Британија во Дејвис Купот во ноември.

-Дадов многу за Дејвис Купот на мојата земја. Последен пат играв за Велика Британија на крајот на 2019 година. Мислам дека не заслужувам да играм за овој тим. Нори и Еванс имаа одлична година, а и Броди е меѓу првите сто на АТП листата.

Во моментов немам намера да играм во Дејвис Купот. До крајот на годината ќе треба да се одморам и да го оставам телото да диши, изјави Мареј.

Британецот загуби од Александар Зверев во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс.